Почетна » Новости » Занимливости » Нераскинлива врска: Малите ангелчиња кои го победија ракот повторно заедно

Нераскинлива врска: Малите ангелчиња кои го победија ракот повторно заедно

Малите ангелчиња кои на рана возраст извојуваа победа над ракот, повторно се обединија за да ја рекреираат фотографијата со која веќе две години по ред го разнежнуваат светот.

Храбрите девојчиња позираат со насмевки на лицата додека ја држат фотографијата на која е овековечено нивното прво здружување.

„Одлучивме оваа година да ја вклучиме оригиналната фотографија за сите да можат да видат колку многу се променија! Сите три девојчиња се добри и ослободени од канџите на ракот“ – изјавила фотографката Лора Скантлинг.

Ејнсли, Рајли и Риен

Првата фотографија од 8-годишната Риен, 6-годишната Ејнсли и 5-годишната Рајли била направена во периодот кога тие страдаа од различни форми на рак. „Понекогаш силата доаѓа кога знаеш дека не си сам“ – пишува на сликата на која се прегрнати и со затворени очи. Целта била да се покаже дека тие се поддржуваа една со друга за време на битката и се прегрнуваа за да се утешат.

Ејнсли, Рајли и Риен

На втората, храброто трио повторно е прегрнато, но овој пат со насмевки на лицето, покажувајќи дека го победија ракот.

Ејнсли, Рајли и Риен

„Обожаваме да се собираме заедно. Сакам да ги гледам девојчињата заедно. Врската која ја имаат е неверојатна. Одлично е што тие разбираат дека нивната фотографија ја има видено целиот свет и дека тие имаат направено голема разлика за подигнување на свеста за ракот кај децата“ – додала Лора.

Ејнсли, Рајли и Риен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11432 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.