Почетна » Новости » Занимливости » Љубовта не познава граници: Маж ја запроси жената која 60 години му била симпатија

Љубовта не познава граници: Маж ја запроси жената која 60 години му била симпатија

Слатко запросување на аеродром топли срца.

Во видеото снимено во Тампа, маж клекнува на колено за да ја запроси жената која му била симпатија шест децении.

Ненси и Томас се запознале пред 60 години, но дури сега се споија нивните животни патишта.

Томас и Ненси

Со сладок и емотивен говор, Томас ѝ предложи брак на Ненси:

„Моја драга Ненси, поминаа 60 години откако првпат се запознавме, 56 години откако за првпат се состанувавме, 10 години откако те видов последен пат и 20 дена откако повторно се разгори нашата искра. Ти отсекогаш ми беше симпатија, уште од твоите навивачки денови. Тоа ми мами насмевка на лицето и ми го растреперува срцето.“

„Во изминативе три недели мислам на тебе секој ден, секој час и со часови разговарам со тебе секоја вечер. Сакам да те видам повторно во моите прегратки, да ти кажам колку ми значиш. Овој викенд направив тој сон да стане реалност. Ти си најневеројатната личност која сум ја запознал, ти си сè што некогаш сум сакал кај мојата партнерка. Затоа, доаѓам денес со еден предлог: Сакам да го поминам остатокот од животот со тебе, да го правам секој ден возбудлив и да се враќам дома кај тебе, да се будам во твоите прегратки секое утро и да ги споделуваме нашите соништа и аспирации, да се смееме и да плачеме и да се поддржуваме еден со друг. Те сакам повеќе отколку што може да се опише со зборови и сакам да го поминам остатокот од животот докажувајќи го тоа и сакам да те направам најсреќната жена на светот. Дали ти Ненси ќе ми ја пружиш честа да ми бидеш сродна душа, мој партнер во секоја смисла на зборот и моја сакана жена засекогаш?“

@adayamilavila Definitely made me c#proposal #loveisreal ♬ original sound - Ada Yamila Vila

Трогнатата Ненси со насмевка одговори „ДА“.

@adayamilavila Replying to @user911374591366 ♬ original sound - Ada Yamila Vila
Томас и Ненси Томас и Ненси Томас и Ненси

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.