Почетна » Новости » Занимливости » Јутјубер плати 3 милиони долари за да им помогне на 1.000 глуви лица да прослушаат

Јутјубер плати 3 милиони долари за да им помогне на 1.000 глуви лица да прослушаат

Во свет полн со негативност и омраза, еден јутјубер се обидува да биде извор на позитивност.

Неколку месеци откако плати операции за да прогледаат 1.000 слепи лица од целиот свет, Џими Доналдсон, познат како MrBeast, со 3 милиони долари помогна 1.000 да прослушаат.

Со вложените средства, 25-годишниот годишниот филантроп им овозможи на глувите лица достап до најновата технологија за да им помогне за првпат во животот да слушнат звуци.

Проектот траел со месеци и било потребно многу планирање, истражување и создавање соработки со експерти во полето на аудиологијата. Среќните учесници во него се од различни земји: САД, Мексико, Гватемала, Бразил, Јужноафриканската Република, Кенија, Индонезија и Индија. Доналдсон донирал и по 100 илјади долари во овие земји за лицата кои не слушаат да имаат достап до учење знаковен јазик.

„1.000 глуви лица слушаат за првпат“ е насловено видеото на MrBeast, кој покрај тоа што им овозможува слух на учениците, исто така ги наградува и со други подароци.

Преку ова видео, Џими ја подигнува свеста за важноста на слухот и докажува колку е голема моќта на социјалните мрежи за создавање позитивни промени.

MrBeast

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11407 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.