Почетна » Новости » Занимливости » Што ќе се случи до 2050г. според Американците?

Што ќе се случи до 2050г. според Американците?

Според анкета на Pew Research Center For The People and The Press, Американците во главно се оптимисти за иднината. Дури 71% од нив сметаат дека ќе биде пронајден лек за ракот до 2050 година, а 81% сметаат дека компјутерите ќе можат да разговараат со луѓето.

Исус и американското знаме41% од Американците веруваат дека Исус ќе се врати на Земјата до 2050г.

Но, има некои области во кои оптимизмот изостанува. Повеќе од половината Американци (58%) сметаат дека ќе започне Трета светска војна во наредните 40 години, а 53% очекуваат терористички напад со нуклеарно оружје врз САД.

Еве што уште мислат Американците дека ќе се случи до 2050 година:

  • 68% од младите под 30 години сметаат дека ќе започне нова светска војна;
  • 53% сметаат дека обичните луѓе ќе патуваат во вселената;
  • 42% изјавиле дека најверојатно научниците ќе можат да дознаат што мислат луѓето преку скенирање на нивните мозоци;
  • 89% веруваат дека жена ќе биде избрана за претседател на САД;
  • 41% веруваат дека Исус ќе се врати на Земјата;
  • 74% мислат дека поголем дел од енергијата ќе доаѓа од други извори, а не од јаглен, гас и нафта;
  • 66% изјавиле дека Земјата ќе стане потопла;
  • 72% сметаат дека ќе има енергетска криза до 2050г.;
  • 31% очекуваат планетата да биде погодена од астероид.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.