Почетна » Новости » Занимливости » Што треба да се јаде пред и по вежбање?

Што треба да се јаде пред и по вежбање?

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка активност се чини дека не е доволно. Вежбите апсолутно дека влијаат на зацврстување на мускулната маса, меѓутоа во комбинација со правилна исхрана пред и после вежбањето, физичката активност ќе има зголемен ефект и забрзано ќе делува за топење на мастите.

Ви приложуваме неколку опции за оброци пред и после вежбање.

Баланс

Пред вежбање

Пченичен тост со банана и цимет

Јаглехидратите се неопходни за енергијата во телото и затоа треба да се консумираат пред вежбање.

Јогурт/Овошен јогурт

Ако се спремате за трчање, треба да консумирате нешто лесно за желудникот, но истовремено нешто што ќе ви даде енергија. Јогурт со мусли и сушено овошје со природен шеќер е совршен избор. Balans+ содржи активни јогуртни култури кои ја подобруваат дигестијата на лактозата. Содржи и калциум кој придонесува за нормална функција на Вашиот дигестивен систем. Овој одличен пробиотски функционален и хранлив производ на вкусен начин Ви помага во динамичното секојдневие. Тој ги содржи сите важни состојки за активен метаболизам и добро варење на храната, па затоа се препорачува да се консумира и пред вежбање.

Баланс

Смути

Брзо и лесно, а доволно енергично за да го издржите тренингот. Смутито може да содржи јогурт, овошје, мед и сите јаткасти плодови.

Овесна каша со овошје

Овој оброк ви помага во текот на тренингот со постепено ослободување на шеќер во крвта. Овошјето помага да се зголеми содржината на течност во телото и ве држи хидрирани.

По вежбање

Печено пилешко и микс од зеленчук

После вежбањето телото треба да се соземе, а во тоа одлично ќе му помогне квалитетна порција хранливи материи. Една порција пилешко месо и зеленчук ќе ве засити без да се чувствувате подуени.

Омлет и зеленчук

Оброк богат со витамини А, Де, Е и К (силни антиоксиданси кои дополнително го регенерираат телото).

Лосос и сладок компир

Покрај вообичаените протеини, лососот има и биоактивни пептиди, мали протеински молекули кои играат улога во намалување на воспалението на мускулите, помагајќи да се регулира нивото на инсулин. Слатките компири помагаат да се врати нивото на гликоген, кој е исцрпен после тренингот.

Сендвич со пченичен леб, туна и спанаќ

Туната има ниско ниво на калории, но е богата со протеини и јаглехидрати, а спанаќот го намалува крвниот притисок и воспалението и е главен извор на енергија.

Чоколадно млеко

Можеби звучи чудно, но чоколадното млеко е одлична идеја за по вежбањето. Покрај тоа што само една шолја од неговиот полн вкус на вистинско чоколадо ќе делува на целосно опуштање на организмот, тоа дополнително ќе обезбеди и 40% од препорачаната дневна потреба за калциум.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.