Почетна » Новости » Занимливости » Шоуто мора да продолжи... Мало девојче рони солзи, но не престанува да танцува на приредба

Шоуто мора да продолжи... Мало девојче рони солзи, но не престанува да танцува на приредба

Децата се искрени и не се обидуваат да ги потиснат силните чувства.

Мало девојче од Кина стана хит на социјалните мрежи откако не се откажа од настапот на приредба и покрај тоа што емоциите го надвладеаја.

„Шоуто мора да продолжи... дури и кога не уживаш во него“ – пишува на почетокот од видеото снимено на Денот на децата, кое предизвика различни реакции. Додека едни ги критикуваа возрасните дека ги принудуваат децата да настапуваат против нивната волја, други коментираа дека девојчето изгледа слатко и дека во Азија ова не го гледаат како траума за децата, туку како процес на учење кој ги прави посилни.

Пред крајот на видеото е прикажано девојче кое од возбуда не спиело пред настапот, па кога дошло време да тропа на тапанче пред публика, сонот се покажал како посилен од сè.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11413 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.