Шкотското виски веќе не е на врвот. Силната конкуренција пристигна од Јапонија и Тајван и ги воодушеви љубителите на овој пијалак.
Вкус на манго, со комплексност од зачини и пријатна топлина... не пропуштајте го доживувањето наречено „Кавалан“. Се работи за виски кое станува сериозен конкурент и на најпознатите брендови. Според оценката на светски признатата „Виски библија на Џим Мареј“ пак, најдoбро виски во светот е јапонското „јамазаки“ од 2013 година. Тоа виски се продава само на европскиот пазар. Она од 2012 година било продавано и во Јапонија и било многу популарно во баровите.
Награденото виски има силен вкус, зачинска арома и е опишано како „речиси необјаснив, генијален пијалак“. Популарноста на вискито во Јапонија се зголемува со почетокот на 20-от век кога Масатака Такецура се вратил од Шпанија и со пријателот ја отворил првата дестилерија - „Јамазаки“ во 1923 година. Во овие ексклузивни брендови виски можете да уживате во Скај Бар, на осмиот кат во хотел Руссиа.


За актуелните понуди и промоции на хотел Руссиа, посетете го сајтот www.hotelrussia.mk или нивните страници на Facebook и Instagram.
Комерцијален текст