Почетна » Новости » Занимливости » „Ширете љубов, не корона“: Прилепчанец со прекрасни илустрации нè мотивира да останеме позитивни

„Ширете љубов, не корона“: Прилепчанец со прекрасни илустрации нè мотивира да останеме позитивни

Филип Грижоски шири позитивност во време на коронавирус и ги потсетува граѓаните за важноста на социјалното дистанцирање.

Креативниот прилепчанец, кој работи како графички дизајнер, создава постери со кои нè повикува да бидеме одговорни и да седиме дома за да придонесеме во спречувањето на ширењето на КОВИД-19.

„Ширете љубов, не корона“ – порачува тој и додава дека самоизолацијата е единствен начин да се заштитиме.

„Останете мотивирани, здрави и позитивни, кризата ќе помине и како велат старите: после дождот доаѓа сонце“ – изјави Филип за Femina.mk.

Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски

Графичкиот приказ е една од најефeктивните алатки за пренесување порака до поширока публика. Во моите дизајни, користам комбинација на илустрација и текст кои имаат цел да допрат до емоцијата на гледачот, со надеж да влијаат на неговото размислување и однесување. Во некои постери користам доза на хумор, во некои статистички податоци, во некои само илустрација со силна порака, а сите се со иста цел: На позитивен и лесно разбирлив начин, да се крене свеста на гледачот за сериозноста на ситуацијата и за последиците на нивните неодговорни постапки.

А дека неодговорни луѓе има секаде, гледаме по стапката на проширување на вирусот на светско ниво. Оттука, можам да кажам дека неодговорноста на народот и негирањето на вирусот во почетните фази, ми беше најголема инспирација да почнам со активно постирање на илустрациите. Посебен акцент ставајќи на локалната несвесност, па и национална, каде што моите пораки имаат реална можност да допрат.

Не сум експерт, не сум епидемиолог, не сум доктор, а не сум ни уметник... но сум општествено одговорен граѓанин, и ја користам единствената алатка со која можам да влијаам на свеста на народот, а тоа е графичкиот приказ и илустрациите.

Свесен сум дека на луѓето им е досадно да седат дома, сакаат да се дружат, да излегуваат, за никого не е пријатна оваа ситуација. Но, мора да сфатат дека самоизолацијата е единствен начин да се заштитиме, да ги заштитиме најблиските, посебно постарите лица и хронично болните, кои се најранлива категорија. За крај, најважно од сè е да останиме позитивни, да не креваме паника и да ги слушаме препораките на надлежните. Да го искористиме периодот за работите што ни недостасуваа кога бевме презафатени, да читаме книги, да се едуцираме, да научиме нова дигитална алатка, да вежбаме, да се храниме здраво. Тоа се главно и пораките што ги испраќам преку моите постери. Останете мотивирани, здрави и позитивни, кризата ќе помине, и како велат старите: после дождот доаѓа сонце.

Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски Илустрации на Филип Грижоски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.