Почетна » Новости » Занимливости » Чоколадо за вдишување

Чоколадо за вдишување

Среќна вест за сите обожаватели на чоколадото – постои начин да уживате во него, а да внесувате помалку од 1 калорија.

Научниците создале инхалатор во облик на кармин за усни што содржи стотици милиграми мали честички од храна, коишто се доволно ситни да се пренесуваат преку воздухот, но преголеми за да влезат во белите дробови.

Le Whif Le Whif - чоколадо за вдишување

Професорот Дејвид Едвардс од Универзитетот Харвард, којшто го измислил инхалаторот, тврди дека нашиот апетит може да се задоволи преку вдишување на воздух со одреден вкус.

Производот е наречен Le Whif. Оние кои се на диета ќе можат слободно да се насладуваат на вкусот на чоколадо, без потоа да чувствуваат вина, затоа што тоа нема да влијае на нивната фигура.

Еден Le Whif се продава по цена од 1,99 фунти или околу 150 денари, а три по цена од 4,99 фунти (околу 350 денари). Има инхалатори со вкус на чоколадо, чоколадо со малини, пеперминт чоколадо и кафе.

Инвентивниот продукт бил за прв пат пуштен во продажба во Париз во 2009г. и во рок од еден месец биле продадени 25 000 инхалатори. Сега веќе е достапен во Америка и Франција, а наскоро ќе го има и во Велика Британија.

Создавачите на Le Whif ветуваат дека на секои 6 месеци ќе пуштаат во продажба по една нова арома.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10268 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.