Почетна » Новости » Занимливости » Четири сестри позираа во своите венчаници како бесценет подарок за нивната самохрана мајка

Четири сестри позираа во своите венчаници како бесценет подарок за нивната самохрана мајка

Самохрана мајка од Алабама доби скапоцен подарок од своите четири ќерки.

Како благодарност за нејзината пожртвуваност и посветеноста да ги израсне во прекрасни дами, сестрите ѝ ја исполнија големата желбата на мајка им. Тие позираа во своите венчаници, а резултатот донесе солзи радосници во очите на нивната мајка.

Сестри

Тери МекКафри копнеела да ги види четирите ќерки во невестински фустани уште од свадбата на нејзината прва ќерка во 2005 година, па затоа посветените ќерки ја изненадија со врамен портрет од нив во невестински фустани.

„Го направивме ова во нејзина чест, за сите тие години кога таа се жртвуваше за нас. Таа е најнесебичното суштество на овој свет“ – изјавила една од сестрите.

Сестри Сестри

Последната од сестрите се омажила во декември минатата година, па ова бил идеален момент за создавањето на фотосесијата.

Невестинските фотографии ја симболизираат мајчинската посветеност на Тери и покажуваат дека е одлична мајка, која била покрај нив и ги израснала во успешни и добродушни жени. Највозрасната ќерка е учителка, другата работи во банка, третата работи со деца со посебни потреби, додека четвртата е мајка на три деца и по професија е учителка по ликовна уметност.

„Не се работи само за тоа дека се омажени. Се работи за нивните постигнувања и нивните срца. Гледам добри, млади, љубезни, интелигентни и образовани девојки“ – изјавила гордата мајка.

Сестри Сестри

„Ние можеби ги немавме најдобрите работи, но и покрај тоа успеавме да се избориме. Се потрудивме да го имаме образованието кое таа сакаше да го имаме. Колку повеќе старееме, толку повеќе ја цениме Мама, бидејќи гледаме колку е тешко тоа што го прави. Таа е мајка каква што секоја од нас посакува да биде“ – велат сестрите.

Сестри

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11349 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.