Почетна » Новости » Занимливости » Часот на Земјата: изгаснете ги светлата од 20:30 до 21:30

Часот на Земјата: изгаснете ги светлата од 20:30 до 21:30

Оваа година иницијативата „Часот на Земјата“ го слави својот 5-ти роденден. Приклучете им се на луѓето од илјадници места низ светот кои во 20:30 по локално време денес ќе ги исклучат светлата.

Организаторите од World Wildlife Fund ги поттикнуваат луѓето да ги изгаснат светлата и сите други електрични апарати кои не се неопходни, како симболичен гест за поддршка на борбата против климатските промени.

За првпат оваа доброволна акција била спроведена во Сиднеј во 2007 година, кога 2,2 милиони луѓе и 2000 компании го изгаснале осветлувањето. Една година подоцна, „Часот на Земјата“ станала глобална иницијатива во која се вклучиле 50 милиони луѓе.

Минатата година зеле учество 128 земји низ светот, а оваа година се очекува поддршката да биде многу поголема.

Не е тешко да се вклучите. Едноставно изгаснете ги светлата и уживајте во вашата вечера на свеќи. Подгответе се порано за вечерното излегување и прошетајте низ градот... Еден час уживајте во темнината и помогнете светот да стане подобро место за живеење.

Погледнете како изгледа гасењето на светлата во големите градови низ светот:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.