Почетна » Новости » Занимливости » Цвеќињата од кралската свадба на Хари и Меган беа претворени во букети кои израдуваа стари лица

Цвеќињата од кралската свадба на Хари и Меган беа претворени во букети кои израдуваа стари лица

Ретко кој не ги забележа прекрасните цветни декорации пред и во капелата „Сент Џорџ“ во Лондон за време на кралската свадба на принцот Хари и Меган Маркл. За нивното аранжирање беше заслужна цвеќарката Филипа Кредок.

Цвеќиња Цвеќиња

По завршувањето на церемонијата, беше обелоденето дека цветните декорации ќе бидат претворени во букети од страна на Кредок и дека ќе бидат донирани.

Следниот ден, дом за стари лица на кои им е потребна медицинска нега од Лондон објави на Facebook дека дел од цвеќињата од свадбата завршиле во рацете на нивните пациенти, кои биле пресреќни.

Вработените во домот споделија фотографија од своја пациентка со еден од букетите и им се заблагодарија на младенците и на Филипа за прекрасниот гест.

Цвеќиња Цвеќиња

„Денес имавме многу специјална испорака. Прекрасни букети направени од цвеќињата од кралската свадба, кои им ги подаривме на нашите пациенти. Големо благодарам на Хари и Меган и на цвеќарката Филипа Кредок. Нашиот дом мириса и изгледа прекрасно. Колку прекрасен гест“ – напишаа од домот во описот на фотографијата.

„Беше фантастично кога ги видов лицата на пациентите што ги добија цвеќињата, никогаш нема да го заборавам тој момент. Домот е преполн со возбуда и галама денес, благодарение на прекрасната Филипа Кредок и се разбира на младенците Хари и Меган. Неверојатно“ – изјавила подоцна претставничка на старскиот дом.

Цвеќиња Цвеќиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11164 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.