Почетна » Новости » Занимливости » „Христос се Раѓат, на светот Радост“: Божиќна песна во изведба на Љубојна за сите верници

„Христос се Раѓат, на светот Радост“: Божиќна песна во изведба на Љубојна за сите верници

„Бадникови Поворки“ традиционално им подаруваат на верниците божиќна песна по повод најрадосниот празник.

„Христос се Раѓат, на светот Радост“ е во изведба на Љубојна, а спотот е сниман на Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир.

Видео

Здружението „Бадникови поворки“ со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божиќен спот како подарок за верниот народ.

Со голема радост соопштуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело. Најголема благодарност упатуваме до Епископот Антаниски и Игумен Бигорски Партениј, за неговата безрезервна духовна поддршка за целиот тим во текот на целиот процес на создавање на делото.

Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност.

Бадникови поворки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9470 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.