Почетна » Новости » Занимливости » Хит љубовна приказна: Се запознале во градинка, тој ѝ рекол дека ќе се ожени за неа, 20 години подоцна стапиле во брак

Хит љубовна приказна: Се запознале во градинка, тој ѝ рекол дека ќе се ожени за неа, 20 години подоцна стапиле во брак

Љубовната приказна на брачен пар ги освои срцата на интернет корисниците.

Мет Гродски сподели дека неговата љубов кон сопругата Лора влече корени од детствто и инстантно привлече илјадници коментари и измами многу воздишки.

Еве го неговиот пост: Мет и Лора

Со Лора се запознавме во градинка. Еден од моите први спомени е од кога бев на 3-годишна возраст и застанав пред сите во градинката, изјавувајќи дека еден ден ќе се оженам со неа.

Мет и Лора

Кога бевме деца Лора ме научи како да се лулам на лулашките, како да цртам планини и на правилен начин да јадам стапчиња сирење.

Имаме прекрасни спомени како игравме криенка, се бркавме на игралиште и непослушно станувавме кога беше време за спиење.

Бев заљубен во Лора како дете и до ден-денес сум заљубен.

Мет и Лора Мет и Лора

Изгубивме контакт во основно училиште и седум години единствен начин да си ги видиме лицата беа семејните божиќни честитки.

Го обновивме контактот во средно училиште, случајно, преку заеднички познаник. По само две недели, одлучивме да бидеме момче и девојка. Ја одржувавме врската во средношколските денови, иако учевме во различни училишта.

Мет и Лора Мет и Лора

Останавме заедно во врска на далечина додека студиравме во различни држави.

Мет и Лора Мет и Лора Мет и Лора

Останавме силен пар до 23 мај 2015 година кога одлучив да си стојам на ветувањето од градинка и Лора да ми стане жена. Ѝ предложив брак на местото каде сè започна... нашата училница во градинката.

Мет и Лора Мет и Лора Мет и Лора Мет и Лора

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11510 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.