Почетна » Новости » Занимливости » Хит фотографија: Професор забавува две деца додека нивната мајка го полага последниот испит

Хит фотографија: Професор забавува две деца додека нивната мајка го полага последниот испит

Фотографија од професор кој забавува две деца додека нивната мајка го полага последниот испит привлече многу позитивни коментари.

Професор Кребс

Вечерва бев сведок на еден од најмилите гестови во мојата студентска кариера. Додека моја пријателка се подготвуваше да го полага нашиот последниот испит по воена историја, бебиситерката ѝ откажа. Ѝ предложив да ги донесе децата на факултет и да играат на таблетот во ходникот. По само неколку минути откако децата започнаа да играат и да прават врева, професорот излезе во ходникот и едноставно започна да игра со нив за да ги занимава додека мајка им го полагаше испитот. Тоа беше толку мила и грижлива постапка кога реакцијата можеше да биде сосема спротивна. Срцето ми е топло вечерва.

Моника Ромеро, која студира за да биде воен офицер, имала договорено бебиситерка да ѝ ги чува децата. Но, непосредно пред испитот, бебиситерката ѝ откажала. Немајќи друг излез, таа ги повела со себе двете деца.

Откако започнал тестот, нејзиниот син започнал да крева врева за да ѝ го привлече вниманието, па таа била принудена да го прекине полагањето за да го смири. Професорот Даниел Кребс излегол заедно со неа, но наместо да ја замоли да го напушти полагањето како што таа очекувала, ѝ рекол: „Оди доврши го тестот. Јас ќе се погрижам за нив“.

Маркус, Микела и Моника Маркус и Микела

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11441 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.