Почетна » Новости » Занимливости » Хит текст за поголема самодоверба: „Која е оваа жена која мојот сопруг ја гледа кога ме гледа мене?“

Хит текст за поголема самодоверба: „Која е оваа жена која мојот сопруг ја гледа кога ме гледа мене?“

Притисокот врз жените да изгледаат совршено станува сè поголем и поголем, а најмногу може да ги повреди во моментите кога се најранливи – по породувањето. Видливите промени на телото и невидливата бура на хормоните стануваат непријатели на самодовербата.

Мајка на три деца напиша текст кој ќе им покаже на жените дека самите себеси си се најголеми критичари и дека во туѓите очи нивните несовршености се занемарливи. Особено кога станува збор за нивниот сакан.

Пар

Прочитајте го краткиот есеј на Сејџ Пен кој кружи на социјалните мрежи:

На мојот сопруг му се допаѓа како изгледам. Ако го прашате да ме опише, ќе рече дека имам бујна платинска коса која паѓа на бранови. Ќе каже дека не ми треба шминка, дека моите сини очи носат доволно тајни и палавост за да го заблескаат моето лице. Особено ми ги сака усните. Ќе каже дека се црвени како цреши и дека можат да бидат пример за „лакот на Купидон“.

Тој мисли дека мојот струк е мал и моето стомаче малку заоблено на најпривлечен можен начин. Дека моите гради се полни и кружни, во совршена пропорција со моите колкови. Дека нозете ми се долги и дека моите мали стапала изгледаат прекрасно во рамни чевли или штикли. Дека сум со облини. Дека сум мека.

Не може да ми се насити. Ја обожава мојата форма, како моите облини легнуваат во неговите раце, како моите кадрици паѓаат на неговото лице кога ме бакнува. Обожава да ме гледа како одам, а јас обожавам кога ги чувствувам неговите очи на мене.

Неговата перцепција за мене е толку привлечна што и јас верувам во неа. Можам да го покорам светот кога ми кажува дека сум убава. Бестрашна сум. Моќна. Женствена. Чекорам со грациозност кога се гледам низ неговите очи. Насмевката ми е искрена. Колковите ми се нишаат, а градите ми се горди. Линиите на моето тело се нежни, рамената непречено се слеваат со силата на моите бицепси. Имам раце кои станале силни од носењето на децата.

Секогаш се изненадувам кога ќе го фатам мојот одраз во огледалото, бидејќи очекувам потполно да ја видам фантазијата на мажот ми да зјапа во мене. Но, не ја гледам таа прекрасна жена. Наместо тоа, жената во огледалото е длабоко поразлична од сликата која мојот сопруг ја опишува. Не знам каде живее лагата – во неговиот ум или во мојот?

Огледалото ми предизвикува болка во градите и чувствувам нешто блиско до срам. Не точно срам, но она чувство на потиштеност кога ќе разочараш некој што го сакаш...

... Сликата пред моите очи е бледа сенка на заводничката во очите на мојот сопруг. Моето тело ме предаде.

Не гледам моќна жена исполнета со ведрина. Гледам просечна мајка. Косата ми е убава, но е тешка и лежи сплескано на мојата глава. Бојата е повеќе кафеава одошто руса, благодарение на хормоните кои ме нападнаа за време на бременостите. Очите ми се убава сина нијанса, но се оцртани од бледи трепки на кои им е потребна маскара за да станат видливи. Образите ми се зацрвенети, но полни, а усните испукани зашто сум пропуштила да ги негувам. Кожата ми е просечна, но започнува да ја покажува мојата возраст преку длабока линија помеѓу моите очи.

Јас сум многу повеќе од заоблена, многу повеќе од жена со облини. Мојот струк е проголтан од преостанатите масти од бременоста, кои се свиткуваат во мојот скут и паѓаат на моите бедра кога седам. Мојот стомак е декориран со сребрени криви линии, последица на тоа што беше презатегнат. Исто така, украсен е и со лузна од операцијата која им ги спаси животите на моите бебиња. Градите ми се полни, но овиснуваат со тежината на моите три деца. Нозете ми се долги, но се крупни. Внатрешноста на бутовите ми се трие кога чекорам и никогаш не носам штикли.

Не знам како да создадам пријателска врска меѓу реалноста на моето тело и фантазијата на мојот љубовник.

Знам дека ѝ се одушевувам на жената која мојот сопруг ја сака. Таа е личноста која сакам да бидам. Па, ја избирам неа, ја избирам рефлексијата во очите на мојот сопруг. Нека од**и рефлексијата во огледалото.

А тоа ме прави моќна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.