Почетна » Новости » Занимливости » Хит објава: Мајка објаснува зошто нејзиното дете НЕ МОРА да споделува играчки со други деца

Хит објава: Мајка објаснува зошто нејзиното дете НЕ МОРА да споделува играчки со други деца

Мајка образложи зошто не го учи своето дете дека мора секогаш да споделува играчки со други деца и нејзината објава стана хит.

Алејна Колберг пишува дека нејзиниот син не е обврзан да им ги дава своите играчки на други деца ако не сака и дека на тој начин го учи како да вели „не“ и да поставува граници.

Деца

Постот досега има повеќе од 240 илјади споделувања и стотици коментари.

МОЕТО ДЕТЕ НЕ Е ОБВРЗАНО ДА СПОДЕЛУВА СО ТВОЕТО.

Само што зачекоривме во паркот, на Карсон му пријдоа најмалку 6 момчиња и сите истовремено побараа од него да им ги даде неговите играчки - Трансформерс, фигура од Мајнкрафт и камион. Тој беше видно вознемирен и ги стискаше на своите гради додека момчињата посегнуваа кон нив. Погледна кон мене.

„Можеш да им кажеш НЕ, Карсон. Само кажи им НЕ. Не мора да кажуваш ништо друго“ – му реков.

Се разбира, веднаш откако тој им рече „не“, момчињата дотрчаа до мене за да го накодошат дека не споделува. Им реков: „Тој не мора да споделува со вас. Ви рече НЕ. Ако сака да сподели, ќе сподели.“

Тоа ми донесе остри погледи од другите родители. Но, еве во што е проблемот:

Ако јас, како возрасна личност, се појавам во паркот јадејќи сендвич, дали сум обврзана да го споделам мојот сендвич со непознатите лица во паркот? Не!

Дали која било возрасна непозната личност што има добри манири би посегнала за да се послужи со мојот сендвич и би се раздразнила кога јас би го повлекла? Повторно не!

Па, додека ме гледате „попреку“, и претпоставувам си мислите дека јас и син ми сме некултурни, кажете ми кој е без манири во оваа ситуација? Личноста која не сака да им ги даде своите 3 играчки на 6 непознати лица или шесте непознати лица кои бараат да им се даде нешто што не им припаѓа ним дури и кога на сопственикот очигледно не му е пријатно?

Целта е да ги научиме нашите деца како да функционираат кога ќе пораснат. Познавам неколку возрасни кои очигледно никогаш не научиле да споделуваат додека биле деца, но познавам многу повеќе кои не знаат како да им кажат „не“ на луѓето, да постават граници и да се грижат прво за себе. Тука спаѓам и јас.

Како и да е, Карсон ги понесе со себе играчките за да ги сподели со малата ќерка на мојата пријателка со која се чекавме во паркот. Тој едноставно не сакаше да ги сподели со лакомите момчиња во паркот, бидејќи со нетрпение чекаше да ја изненади неа со нив.

Следниот пат кога твојата „снегулка“ ќе дотрча кај тебе, вознемирена дека друго дете не споделува, те молам запомни дека не живееме во свет каде е погодно да даваме сè што имаме на кој било само затоа што тој го побарал тоа. Затоа, јас нема да го учам моето дете дека така функционира светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11254 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.