Почетна » Новости » Занимливости » Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид.

Целта на оваа соработка е промоција на спортска традиција, забавата и едукацијата за сите учесници, но и придонес кон понатамошен развој за овој настан да прерасне во еден масовен и голем хепенинг кој ќе ги обединува луѓето со исти или слични интереси, а кој понатаму ќе се пренесува на идните генерации и ќе го стави Охрид на светската мапа на спортски активности.

Охрид трчаТ

„За нас продолжувањето на партнерството доаѓа сосема природно и претставува логичен редослед согласно нашата мисија да градиме долгорочни партнерства со нашите партнери со кои делиме исти или слични вредности,. „Охрид ТрчаТ“ од година в година прераснува во еден од најголемите спортско-рекреативни настани во западниот дел од нашата држава, а ние остануваме нивен верен партнер во заложбите за унапредување на локалниот економски развој како и подигнување на свеста за негување на здрави животни навики и зачувување на средината, бидејќи за нас во Халкбанк важни се луѓето, важна е заедницата. “ – изјавија од Дирекцијата за Односи со Јавност на Халкбанк.

Спортот и спортските активности се само една нишка каде што „Халкбанк“ како општествено одговорна компанија делува и несебично вложува. Освен партнерството со „Охрид Трчат“, Халкбанк е докажан поддржувач на спортот и промоција на здрав и активен живот, за што говорат партнерствата со Македонската Ракометна Федерација, потоа ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ , како и голем број активности во локалните заедници преку донации во локални спортски клубови и спортски манифестации. Спортот е важен дел и од корпоративната култура на Банката, а вработените во Халкбанк се активни промотери на здравите спортски навики преку учество во разни спортски настани и манифестации во земјата.

Како и минатите година, така и овој пат , викендот од 31 мај до 02 јуни е резервиран за дружба и спорт во преубавиот Охрид, каде тимот на Халкбанк повторно ќе биде дел од програмата на „Ohrid running weekend” и „Охрид Трчат” заедно со голем број на љубители на спортот и трчањето.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.