Фотографија од емотивно девојче, кое липа од среќа на свадбата на родителите, растопува срца ширум светот.
6-годишната Лекси не може да си ги задржи солзите додека ги гледа своите родители како си ги разменуваат брачните завети.
„Сè беше прекрасно, мамо“ – ѝ рекла слатката Лекси на мајка си, опишувајќи ја причината за нејзините солзи-радосници.


„Бев обземена од емоции. Не знаев дека свадбата ѝ беше толку важна. Таа беше толку среќна тој ден што почувствував дека ја донесов најдобрата одлука во нашите животи“ – изјавила мајката.


Младенците Џени и Тими Гибсон биле во врска од својата 16-годишна возраст. Покрај Лекси, тие имаат и 8-годишна ќерка Рајли и 2-годишен син Линколн. Џени го родила првото дете кога имала само 17 години.
„Искрената емоција на лицето на Лекси е доказ колку важно ѝ беше нејзините мајка и татко да се венчаат по сите овие години. Вредеше чекањето за овој момент, бидејќи не можам да си замислам свадбениот ден да не можам да го споделам со моите деца“ – рекла среќната мајка и сопруга.





