Почетна » Новости » Занимливости » Фотографија на која маж во езеро го заспива своето болно куче освојува срца

Фотографија на која маж во езеро го заспива своето болно куче освојува срца

Фотографијата на која Џон Ангер го прегрнува своето болно куче додека тоа мирно спие во езеро освои стотици илјади срца и стана вистински доказ за искреното двострано пријателство помеѓу луѓето и кучињата.

Џон го посвоил својот миленик уште кога тој бил мало кученце и оттогаш се неразделни. Сега, кучето Шеп има 19 години и боледува од артритис, па поради тоа не може да спие. Не можејќи да го гледа своето куче како страда, Џон пронашол начин да му помогне на својот пријател да има мирен сон. Тој открил дека водата му делува терапевтски на болното куче, па редовно го носи во езерото Супериор каде го лула додека тоа не заспие.

Џон и Шеп

Фотографијата на Facebook ја објавила пријателката на Џон, Хана Хадсон, која всушност по професија е фотограф. Досега, само на Facebook фотографијата доби 262.000 лајкови, 155.000 споделувања и над 28.000 илјади коментари.

„Додека Хана нè фотографираше, си мислев дека ова може да е последен пат како пливам тука со него“ – рекол Џон и објаснил дека ако новите лекарства не му помогнат на кучето да станува на нозе без болка, тоа ќе мора да биде успиено.

Но, поврзаноста помеѓу Џон и Шеп е многу поголема отколку што можеби изгледа. Џон изјавил дека е жив токму благодарение на своето куче. Кога пред 13 години Џон раскинал со својата поранешна свршеница, тој западнал во депресија и имал самоубиствени мисли. „Да бидам искрен, мислам дека немаше да бидам тука ако не беше Шеп со мене таа вечер. Тој ме извади оттаму. Не знам како да го објаснам тоа. Само сакам да направам сè што може за ова куче затоа што тоа буквално ми го спаси задникот“ – изјавил Џон за „Duluth News Tribune“.

Хана е изненадена од големиот интерес за фотографијата. Во интервју за „Huffington Post“ таа изјавила дека фотографијата не е само момент замрзнат во времето, туку и вечен потсетник. „Сакам луѓето да се индентификуваат со оваа фотографија и да се потсетат на времето кога се чувствувале безбедни, сакани и згрижени. Има многу негативност во светот, можеби со оваа фотографија можеме да започнеме да ги менуваме нештата барем малку“ – порачала таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.