Почетна » Новости » Занимливости » Фотографии од времето кога владееше шпанскиот грип во 1918 година

Фотографии од времето кога владееше шпанскиот грип во 1918 година

Додека светот се привикнува да живее во новата реалност создадена од пандемијата со новиот коронавирус, многумина потсетуваат како изгледаше најсмртоносната пандемија во поновата историја – Шпанскиот грип.

Пред нешто повеќе од 100 години, на крајот од Првата светска војна, вирусот H1N1 се прошири низ целиот свет и зарази околу една третина од тогашната светска популација. Околу 500 милиони лица биле инфицирани, а се проценува дека над 50 милиони лица починале од вирусот. Погледнете црно-бели фотографии од животот во тоа време:

Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип

Слично како денес, училиштата, театрите и црквите биле затворени, групните настани биле забранети, а на луѓето им било кажано да седат дома. Во многу места од светот, носењето маска станало задолжително, а плукањето и кашлањето во јавност биле забранети.

Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип

Но, за разлика од условите во кои денес живееме, лекувањето тогаш било ограничено. Само за информација, првиот антибиотик, пеницилинот, бил откриен 10 години подоцна, во 1928 година. Заразените се соочувале со ужасни симптоми и многу пателе пред да починат.

Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип

Најголем дел од починатите биле мажи на возраст од 20 до 40 години. Тоа сериозно ја нарушило рамнотежата меѓу половите во многу земји и довело до дефицит на работна сила, па на жените им станало многу полесно да станат дел од пазарот на трудот.

Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип Шпанскиот грип

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.