Алисија Змисловска е млада фотографка која без сомнение умее да ја долови индивидуалноста на секое куче преку позитивни фотографии.
„Би сакала да ја споделам мојата страст и љубов за кучињата преку фотографии. Сакам да покажам што е најдоброто кај секое куче, сакам да ја уловам нивната душа. Кога фотографирам бездомни кучиња, сакам да им помогнам да пронајдат нов дом каде ќе бидат сакани“ – рекла Алисија во интервју за My Modern Metropolis.



19-годишната Полјачка уште од мали нозе ја покажувала својата љубов кон животните, но фотографскиот талент започнала да го развива откако пред десет години добила ретривер. „Мојот сакан златен ретривер Киара најпосле пристигна во мојот дом и ми го промени животот! Од самиот почеток ја фотографирав“ – изјавила таа за Bored Panda.


















Со своите фотографии Алисија забрзано привлекува комплименти од сите обожаватели на крзнените миленици.