Burning Man не залудно се нарекува најлудиот фестивал на планетата. Настанот се одвива секоја година во пустината Блек Рок во Невада, каде учесниците создаваат привремен град кој е спој на уметноста и слободниот дух. Откако фестивалот ќе заврши, тие треба да понесат со себе сè што донеле и да не оставаат трага зад себе.
Годинава, настанот траеше од 25 август до 2 септември, на тема: „Метаморфоза“.
Поради ограничениот достап до мрежа, телефоните ретко се користат за време на фестивалот, па учесниците мораат да почекаат до крајот за да ги објават најдобрите фотографии на социјалните мрежи.
Се проценува дека Burning Man годинава го посетиле повеќе од 70.000 илјади лица кои им се одушевуваа на делата на креативци од целиот свет.
„Burning Man не е фестивал! Тоа е град во кој речиси сè што се случува е целосно создадено од неговите граѓани, кои се активни учесници во искуството“ – пишува на нивниот сајт.
Фестивалот за првпат се одржал во 1986 година во Сан Франциско.