Почетна » Новости » Занимливости » Фотограф повикува гостите да не фотографираат нападно со мобилните телефони на свадбите

Фотограф повикува гостите да не фотографираат нападно со мобилните телефони на свадбите

Текстот на фотографот Томас Стјуарт ќе ве замисли и можеби ќе ве убеди никогаш повеќе да не фотографирате со вашиот телефон и апарат додека сте на свадба.

Во објавата на Facebook, Стјуарт зборува за тоа дека гостите кои сликаат со телефоните му пречат на фотографот, кој е платен да ги направи совршените фотографии, им стојат на патот на младенците и што е најважно, не уживаат во моментот.

Томас Стјуарт

Доволно беше. Сакам да зборувам со вас за гостите кои фотографираат со телефони/ апарати на свадбените прослави. Сакам да ве замолам нешто и ќе го направам тоа на многу прост начин: Невести и младоженци, ве молам имајте церемонија без технологија.

Погледнете ја оваа фотографија. Овој младоженец мораше да се навали додека стоеше на олтарот за да ја види својата невеста како чекори кон него. Зошто? Затоа што гостите со нивните телефони му стоеја на патот.

Тоа е ужасно. Не ги обвинувам конкретно овие гости и преземам голема одговорност за ова што се случува. Во минатото требаше да бидам појасен со моите клиенти и да им објаснам зошто треба да им кажат на гостите да не фотографираат. Отсега, па натаму тоа ќе ми биде цел.

Ако планирате свадба, ве молам земете ги предвид овие точки:

  1. Гостите со телефони, таблети и камери застануваат точно на патот на фотографот. Тие не знаат да стојат настрана. Тие често уништуваат многу од нашите фотографии. Тие прават нашите фотографии да изгледаат лошо. Плаќате многу пари за фотограф, а тоа значи дека сакате одлични фотографии. Не можеме да работиме најдобро што можеме ако луѓето ни стојат на патот.
  2. Истите тие гости ќе застанат и на вашиот пат. Ќе пропуштат моменти од вашиот свадбен ден затоа што таблетот им е пред очи. Нема да можете да го видите вашиот партнер на олтарот.
  3. Фотографиите на гостите најчесто се катастрофални. Извинете, но тоа е вистината. Не можете да направите добра фотографија со камерата на вашиот апарат, наведнувајќи се кон олтарот на темна црква за да фотографирате субјект во движење. По ѓаволите, дури и дел од професионалците имаат проблем да го направат тоа.

И за крај, најважната точка:

  1. Замислете си дека сте на вашата свадбена церемонија. Возбудени сте. Одлучувате да фрлите брз поглед кон вашите гости за да се осигурите дека тие уживаат во тие среќни моменти заедно со вас, а можеби и самите леат по некоја солза. Што гледате? НЕМА ЛИЦА ВООПШТО, СИТЕ ТИЕ СЕ СКРИЕНИ ЗАД ТЕЛЕФОНИТЕ И КАМЕРИТЕ! Се сомневам дека вака сакате да ја запомните вашата свадбена прослава.

Напишете им во поканите на сите кои ќе ги повикате на свадбата да ја споделат и прослават љубовта која две личности ја чувствуваат една кон друга.

Ако сте гостин, имајте на ум дека не сте поканете да правите фотографии кои младенците и онака никогаш нема да ги погледнат. Тие ги сакаат таму вашето срце и душа и сакаат да ви ги видат очите полни со солзи, бидејќи вие формирате дел од нивната свадбена церемонија. Вие сте сведоци на нивниот брак, па ве замолувам, гледајте ги со вашите очи и умови, а не со вашите телефони.

Томас СтјуартТомас Стјуарт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11517 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.