Почетна » Новости » Занимливости » Дожд на свадбата: Младенци ги искористија временските услови за да создадат бајковита фотографија

Дожд на свадбата: Младенци ги искористија временските услови за да создадат бајковита фотографија

Дожд на свадбата? Нема проблем. Волшебната фотографија на двајца младенци ќе ви покаже дека „не треба да чекате бурата да одмине, туку да научите да танцувате на дождот“.

Џесика и Ник се осмелиле да излезат на дождот вечерта на нивната свадбена прослава и ја добиле совршената фотографија.

Џесика и Ник Џесика и Ник

Џескика Гоуер била многу нервозна на свадбениот ден и постојано ја проверувала временската прогноза, зашто требало да го каже судбоносното „да“ на отворено. „За време на подготовките, бев под голем стрес, но подоцна, иако имаше облаци од двете страни, решив да ја одржиме церемонијата во тревникот кој има поглед кон езерото, како што отсекогаш си замислував. Подготвивме чадори за да им дадеме на гостите доколку заврне“ – рекла таа за The Daily Mail.

Џесика и Ник Џесика и Ник

Времето било на станата на 30-годишната Австралијка и нејзиниот избраник Ник во текот на денот, но вечерта временските услови се влошиле. На предлог на нивниот фотограф Томас Стјуарт, парот излегол надвор за да се фотографира и да си даде време насамо. „Излеговме на патеката во дворот и беше прекрасно зашто Ник сакаше да поминеме време заедно, па бевме пресреќи што излеговме надвор за да си го дадеме тоа време“ – рекла Џесика.

Џесика и Ник Џесика и Ник

Бајковитата фотографија привлече огромно внимание откако беше објавена на профилот на Facebook на талентираниот фотограф и доби многу позитивни коментари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11573 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.