Почетна » Новости » Занимливости » Фотоапарат поставува насмевка на секое лице

Фотоапарат поставува насмевка на секое лице

Не секој сака да се насмевнува кога стои пред фотоапарат, па ако вие сте тип на личност што обожава да прави фотографии со насмевнати лица, тогаш фотоапаратот Artificial Smile е точно за вас. Овој производ, кој е дизајниран на Универзитетот за уметност во Берлин, може да препознава натажени лица и да им поставува вештачки насмевки.

Фотоапаратот автоматски поставува насмевната уста на лицата со натажен израз.

Фотоапаратот користи огромна база со насмевки и ги „поправа“ устите на натажените лица. За разлика од комерцијалните фотоапарати, Artificial Smile го уништува контекстот на направените фотографии. И сепак постојат голем број на луѓе што би му се радувале.

Сè уште не е јасно дали фотоапаратот ќе доживее да биде пуштен во продажба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11087 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.