Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Ѕирнете во најлуксузниот брод за крстарење

ФОТО: Ѕирнете во најлуксузниот брод за крстарење

Бродот за крстарење „Seven Seas Explorer“ ќе поставува нови стандарди за тоа што значи луксузен одмор. Иако бродот за првпат ќе заплови со патници следната година, компанијата Regent Seven Seas Cruises објави дека малкуте места за првото крстарење забрзано се распродаваат.

Бродот е долг повеќе од 223 метри и е тежок над 50.000 тони, а за неговата изградба биле потребни неверојатни 450 милиони долари. Најизненадувачки сепак е фактот што на бродот ќе можат да патуваат само 750 гости, бидејќи секоја „соба“ всушност e апартман. Најголемиот апартман зафаќа речиси 350m2.

Seven Seas Explorer Seven Seas Explorer

„Прецизно го дизајниравме секој детаљ од бродот Seven Seas Explorer за да го создадеме најлуксузниот брод некогаш изграден и сме пресреќни поради позитивните реакции на нашите поранешни гости и партнери“ – изјавил Грејам Седлер, генерален директор на компанијата Regent Seven Seas.

Првото крстарење ќе започне во јули 2016 година, на релација Монте Карло – Венеција.

Seven Seas Explorer Seven Seas Explorer Seven Seas Explorer Seven Seas Explorer Seven Seas Explorer Seven Seas Explorer Seven Seas Explorer Seven Seas Explorer Seven Seas Explorer Seven Seas Explorer Seven Seas Explorer

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9477 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.