Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Што ако победеа негативците во цртаните на Дизни?

ФОТО: Што ако победеа негативците во цртаните на Дизни?

Сите го знаеме среќниот крај на бајките на Дизни. Но, уметникот Џастин Тарентајн направи мини серија од дигитални слики во кои ни открива што ќе се случеше ако победеа негативците на Дизни.

На сликите на 22-годишниот Американец, Урсула се подготвува да ги изеде верните пријатели на Ариел, Круела де Вил носи бунда и чанта направени од крзното на малите далматинци, Злобната вила од „Заспаната убавица“ позира пред скаменетите добри вили, Злобната кралица седи пред огледалото додека Снежана зад неа лежи мртва, а двете полусестри на Пепелашка покажуваат како сложно си ги споделуваат стаклените чевлички (а веројатно и принцот и неговото богатство).

Негативците на Дизни Негативците на Дизни Негативците на Дизни Негативците на Дизни Негативците на Дизни

Сепак, Џастин не создава само мрачни слики. Еве како според него би изгледала сирената Ариел кога би имала нозе и би обожавала гламурозен стил на облекување:

Ариел во гламуроозно издание

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10278 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.