Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Фармер создал мини шума со срце во чест на својата покојна жена

ФОТО: Фармер создал мини шума со срце во чест на својата покојна жена

Фармер од Англија им ги стопли срцата на илјадници луѓе со бескрајната љубов кон својата покојна сопруга. Пред 17 години, по ненадејната смрт на својата сакана, Винстон Хаус посадил 6.000 фиданки, а во средината оставил „празно“ срце. Долниот дел од срцето е насочен кон домот во којшто неговата сопруга живеела како дете.

Шумата со срцеШумата со срце

Љубовниот гест на Винстон досега бил убава семејна тајна, а неговото дело било откриено минатата недела, кога маж кој летал со балон го забележал и фотографирал срцето.

Денес фиданките се прекрасни дабови дрва и оформуваат мирна средина каде што Винстон може да остане сам и да се сеќава на Џенет со која бил во брак 33 години.

„Понекогаш одам таму само за да седам и да размислувам“ – изјавил гордиот фармер и дополнил дека тоа е прекрасен спомен кој ќе остане таму со години.

Џенет починала на 50-годишна возраст, а во месеците по смртта Винстон ги посадил фиданките заедно со нивниот син.

Џенет и ВинстонЏенет и Винстон во 1960 година Џенет и ВинстонЏенет и Винстон една година пред нејзината смрт

Срцето го открил Енди Колет којшто летал со воздушен балон. „Поседувам свој балон и редовно летам, но ова е најпрекрасната глетка која ја имам видено од небото. Тоа беше совршено срце сокриено така што да не знаеш дека е таму. Можеш само да ја замислиш љубовната приказна што стои зад него“ – изјавил тој.


View Larger Map

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.