Многупати сме се смееле на брканиците на Том и Џери на телевизија, но кога ќе се случат во вистинскиот живот е уште поинтересно.
Британски пар успеал да го фотографира крајот на една интересна брканица на мачка и глушец. Нивниот 14-месечен мачор се заглавил во новогодишната елка бркајќи глушец кој успеал да се искачи на врвот.
Мачорот Бамбл заглавен меѓу гранките на елката
51-годишната сопственичка на мачорот раскажала за случката: „Кога влеговме во собата го најдовме заплеткан во гранките во средината на елката, а глушецот гледаше надолу кон него. Не можев да си поверувам што гледам. Веднаш го грабнавме фотоапаратот“.
Глушецот застанат на безбедно место на врвот на елката
Сопствениците го подигнале мачорот од елката и глушецот избегал на безбедно.
„Сите што ќе ги видат фотографиите сметаат дека се хистерично смешни – исто како сцена од Том и Џери“ – раскажувала радосната сопственичка.
