Тери Бордер има талент да ги оживее секојдневните здодевни предмети и од нив да направи хумористична уметност. Неговите фотографии најчесто кријат изопачена смисла за хумор и токму поради тоа стануваат интернет хит.
На својот блог Bent Objects, Тери објавува фотографии на кои различни објекти со помош на жица и умно позиционирање придобиваат емоции и мамат насмевки.
„Немам намера сè да биде смешно. Сите имаме различни перспективи, а мојата перспектива едноставно е малку чудна и изопачена“ – вели тој.
Погледнете како јајце реагира кога ќе ја види својата „испечена“ мајка, како кива се подготвува за на плажа, како изгледаат кикирики зомби...
Зомби кикирики
Мудро зрно грозје со големо животно искуство
Кива се подготвува за на плажа
Совршен пар
Лимон и неговата „пластична“ невеста
Млеко убиец
Јајце пред неговата мајка
Бело јајце на Велигден
Јагоди на сладок меден месец
Дрвена лажица убиец
Кога има помфрит, на кечапот му нема спас
Исчезнатото колаче
Кикирики жалат за другар кој завршил во тегла
Банани в кревет
Без коментар
Пашканат канибал
		
