Хоакин и Аитана се близнаци кои не го делат истиот роденден. Малите бебенца се родија во различен ден, различен месец и различна година. Едното дојде на овој свет на 31 декември 2017, додека другото на 1 јануари 2018 година.

Имено, нивната мајка Марија требало да се породи на 27 јануари, но породилните болки започнале токму на новогодишната ноќ. Таа го роди Хоакин само две минути пред Нова година, додека Аитана дошла на овој свет 18 минути подоцна.
Иако се родиле неколку недели предвреме, близначињата се во добра здравствена состојба. Момчето се родило тешко 2,5 кг, додека девојчето тежело 2,1 килограм.

Хоакин е последното бебе кое се родило 2017 во болницата во Калифорнија, додека Аитана е првото бебе во 2018 година. Докторот изјавил дека во неговата досегашна 35-годишна работа, никогаш претходно не видел близнаци родени во различна година.
Хоакин и Аитана имаат три постари сестри.