Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Семејство негува празнична традиција веќе 60 години

ФОТО: Семејство негува празнична традиција веќе 60 години

Традициите зближуваат и помагаат во креирањето на драгоцени спомени. Семејство од Сиетл веќе шест децении негува празнична традиција и го документира настанот со фотографии.

Семејството Вилсон 60 години по ред пред Божиќ се фотографира со Дедо Мраз. Традицијата започнала во далечната 1955 година, кога Скот, првото дете на Вуди и Бони, било фотографирано во скутот на Дедо Мраз.

Како што се проширувало семејството, така бројот на личности на фотографиите се зголемувал. Албумот вклучувал фотографии од тројцата браќа Скот, Мајк и Стив и од нивната сестра Венди сè до почетокот на 90-тите години, кога пред објективот застанала и сопругата на Мајк и свршеникот на Венди. Во 2001 година пред објективот застанале и г. и г-ѓа Вилсон.

Вуди, таткото на четирите деца, починал во 2012 година, еден месец по создавањето на 58. семејна фотографија. Следната година Стив облекол една од неговите јакни. „На тој начин и него го има на сликата“ – изјавил Стив.

Погледнете дел од семејниот албум на семејството Вилсон, кој може да се опише и како моден времеплов.

Семејството Вилсон Семејството Вилсон Семејството Вилсон Семејството Вилсон Семејството Вилсон Семејството Вилсон Семејството Вилсон Семејството Вилсон Семејството Вилсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.