Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Сè што ви треба за да опремите еден стан во една компактна коцка

ФОТО: Сè што ви треба за да опремите еден стан во една компактна коцка

Нов архитектонски изум, кој изминатиов викенд беше презентиран во Торонто, може да го претвори кој било слободен простор во функционален стан. Канадското архитектонско студио „Urban Capital“, во соработка со италијанскиот дизајнер Лука Никето, создаде коцка која ги содржи сите елементи потребни за нормален живот.

Компактната коцка наречена „Cubitat“ има висина, ширина и должина од 3 метри, а во неа има вградена кујна, спална, телевизор, бања, перална и плакар. Замислата на компанијата е клиентите да можат брзо да го уредат својот дом, без да треба дополнително да реновираат или да купуваат мебел.

Cubitat Cubitat Cubitat Cubitat Cubitat Cubitat Cubitat Cubitat Cubitat Cubitat Cubitat Cubitat

Сепак, главниот проблем за кој дизајнерите треба да најдат решение е како да ја внесат коцката во домовите низ врата со нормална големина.

Оваа „џиновска Рубикова коцка“ набрзо ќе може да се купи онлајн, а потрошувачите претходно ќе можат да изберат како сакаат таа да изгледа. Сè што е потребно за „Cubitat“ да функционира е електрична енергија и вода.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.