Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Реалната Барби во списанието „V“

ФОТО: Реалната Барби во списанието „V“

Валерија Лукјанова е интернет сензација. Невообичаениот изглед на 21-годишната Украинка предизвика многу дискусии и многумина се запрашаа дали станува збор за реална Барби девојка или Фотошоп измама.

Списанието „V“ со новата фотосесија потврди дека Валерија е вистинска девојка, која со вешто користење на шминка се претвора во барбика. Што се однесува до пластичната хирургија, во други интервјуа таа откри дека има легнато под нож, но само за зголемување на градите.

Валерија Лукјанова

Во интервјуто за „V“ Валерија го опишала својот типичен ден, зборувала за вонтелесно патување, за негативните реакции на интернет и за љубовта кон планинарењето.

Типичниот ден на Валерија: „Наутро работам на моето лице и добивам масажа, потоа поминувам одредено време на интернет. Медитирам и патувам во моето астрално тело, а потоа вежбам во теретана. Одам на прошетка со најдобрата пријателка, се враќам дома, правам вечера за саканиот. Потоа, поминувам уште време на интернет, читам малку и медитирам и легнувам да спијам.“

Валерија Лукјанова

За нејзината професија: „Учителка сум во училиште за патување надвор од телото. Тоа е интернационално училиште во кое нашите инструктори им покажуваат на учениците како да го напуштат своето физичко тело и да патуваат во нивното астрално тело, со кое можат да го посетат кое било место на планетата или во универзумот. Знам дека ова е иднината на човештвото и има голем потенцијал.“

Валерија Лукјанова

За негативните реакции на интернет: „Знам дека другата страна на тоа да си славен е негативноста, но јас ја гледам во позитивно светло. Ако луѓето се интересираат за мене, значи дека сум на вистинскиот пат. Во реалниот живот, никогаш не слушам лоши нешта.“

Валерија Лукјанова

За планинарењето: „Јас сум професионален планинар. Се искачувам на Хималаите и со недели живеам далеку од цивилизација. Имам патувано насекаде. Обожавам екстремни рекреациони активности и адреналин. Не се плашам од ништо и сакам да преземам ризик. Го сакам непознатото.“

Валерија Лукјанова

Но, тоа не е сè од несекојдневниот живот на „човечката Барби“. Валерија открила и дека пишува песни додека медитира или за време на астралните патувања.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.