Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Принцезите на Дизни како индиски невести

ФОТО: Принцезите на Дизни како индиски невести

„Once Upon A Dress“ е бајковита рекламна кампања на „Well Groomed“, бренд за врвна индиска облека и венчаници.

Фотографиите прикажуваат како би изгледале популарните принцези на Дизни кога би биле индиски невести. „Додека растат, на девојчињата им се раскажуваат приказни за прекрасните принцези во книгите и филмовите на Дизни. Во индиската култура, на свадбите се гледа како на почеток на нова книга во животот... Кога влегува во брачен живот, невестата често избира да се споредува со принцеза токму поради тие спомени од детството“ – изјавила Јасмин Ниџар и дополнила дека во секој изглед е прикажана екстравагантноста типична за свадбите во Индија.

Стајлингот на секоја невеста вклучува скапоцени детали и доаѓа со висока цена. Така на пример, фустанот на заспаната убавица Аурора чини 10.000 долари, додека фризурата на Златокоса вклучува накит кој чини десетици илјади долари.

СнежанаСнежана АриелАриел ЈасминЈасмин ЗлатокосаЗлатокоса ПокахонтасПокахонтас МуланМулан ПепелашкаПепелашка БелаБела АурораАурора

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.