Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Попај од реалниот живот има бицепси од 79cm

ФОТО: Попај од реалниот живот има бицепси од 79cm

Мустафа Исмаил ги поседува најголемите бицепси на светот. 24-годишниот бодибилдер од Египет често е нарекуван Попај поради големината на неговите мускули.

Мустафа Исмаил Мустафа Исмаил

Фотографиите биле направени во Лондон, каде што „Попај“ учествува во промовирањето на новото издание на Гинисовата книга на рекорди.

За да постигне обиколка од 78,7 сантиметри на своите бицепси, Мустафа веќе 10 години вежба по двапати дневно. Освен тоа, секојдневно на неговата трпеза има 1,3 килограми пилешко месо, половина килограм стек или риба и 4 чаши бадеми. Тој секој ден пие по 7,5 литри вода и 3 литри протеински шејк.

Мустафа Исмаил Мустафа Исмаил

Мустафа е толку многу опседнат со големината на бицепсите што го убедил целото свое семејство да се преселат во Америка за да може да вежба на подобра фитнес опрема.

„Луѓето секогаш ми велат дека ги потсетувам на Попај морнарот. Тоа ме расмејува затоа што нема спанаќ во мојата диета и не можам да го поднесам. Ќе се држам до моето пилешко. Всушност, мислам дека сега рацете ми се поголеми отколку на ликот од цртаните филмови“ – изјавил тој.

Мустафа Исмаил

Мустафа се преселил во Америка пред пет години, откако не успеал да влезе во бодибилдинг тимот на Египет. Сега тој може да крева тегови од 227 килограми.

Мустафа Исмаил

Со големите мускули Мустафа влезе во Гинисовата книга како личност со најголеми бицепси.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11954 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.