Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Ослабе 58 килограми и освои 250.000 долари

ФОТО: Ослабе 58 килограми и освои 250.000 долари

На Оливија Вард ѝ беа потребни 5 месеци, многу интензивни тренинзи и строга контрола на калориите за да ослаби 58 килограми и да биде прогласена за победник на американското шоу „The Biggest Loser“.

35-годишната оперска пејачка влезе во натпреварот со 118 килограми, а успеа да излезе со здрава тежина од 60 килограми. Освен што се здоби со убава линија, Оливија доби и 250 000 долари како награда за големото слабеење.

Оливија ВардОливија Вард – пред (118kg) и потоа (60kg)

Оливија била решена да започне да слабее откако докторите ѝ кажале дека можеби никогаш нема да стане мајка ако не го промени начинот на живот. Нејзината прекумерна тежина и синдромот на полицистични јајници досега им попречувале неа и на нејзиниот сопруг да станат родители.

„Со ова ново тело, постои надеж јас и мојот сопруг да можеме да имаме деца“ – изјавила таа.

За време на тешкиот период, Оливија не беше сама. Неа ја охрабруваше нејзината сестра Хана Крли, која исто така учествуваше во шоуто. Хана со изгубени 54 килограми го освои второто место, намалувајќи ја својата тежина од 112 на 58 килограми.

Хана КрлиХана Крли – пред (112kg) и потоа (58kg)

И третото место го освои жена. Ирен Алварадо од 115,5 килограми успеа да стигне до 63.

Ирен АлварадоИрен Алварадо – пред (115,5kg) и потоа (63kg) За време на финалето беше објавено дека во наредната сезона тренер во шоуто ќе стане Ана Курникова.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.