Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Одржани првите Алпски игри во градскиот парк во Скопје

ФОТО: Одржани првите Алпски игри во градскиот парк во Скопје

Оваа недела (05.06.2016), во Скопскиот градски парк на Школка, се одржаа првите Алпски игри 2016 во организација на Алпско млеко Македонија.

Настанот беше конципиран како голема забава достапна за сите возрасти и покрај тоа штo игрите беа наменети за деца од 4 до 12-годишна возраст. Најмалите посетители можеа да уживаат и да се забавуваат во креативното катче на Алпско млеко каде имаа можност да цртаат, бојат и прават фигури од пластелин.

Алпски игри Алпски игри Алпски игри

Идејата на настанот беше да ги запознаеме дечињата со игрите кои ја зголемуваа и одржуваа социјалната култура на претходните генерации, како и да се натпреваруваат во 4-те игри кои беа поставени за овогодишниот настан.

Секој учесник во игрите имаше можност да освои една од наградите кои ги подготви Алпско млеко, вклучувајќи мали пакетчиња со изненадувања, пакет Алпско млеко Мултивитамин, како и главната награда – Самсунг Галакси Таблет. Останатите посетители се разладуваа и уживаа во вкусот на дел од производите на Алпско млеко, како Алпско млеко 3,5%, Чоколадно Алпско млеко и Домашен јогурт.

Алпски игри Алпски игри Алпски игри Алпски игри

Забавата ја заокружи настапот на Даниел Кајмакоски кој се погрижи со неколку негови хитови да го украси крајот на Алпските игри за оваа година.

Алпски игри

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.