Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Незапирливи старци кои се млади во душата

ФОТО: Незапирливи старци кои се млади во душата

Често наидувате на стереотипни размислувања кои ја поврзуваат староста само со болка, страдање, осаменост и слабост? Владимир Јаковлев е новинар и фотограф кој има за цел да ги сруши тие стереотипи и да покаже дека за некои луѓе возраста навистина е безначајна цифра.

„The Age of Happiness“ е фото-проект на рускиот фотограф, кој има за цел да ја промени перцепцијата за животот по 70-тиот, 80-тиот или дури и по 100-тиот роденден.

„Животот по 60-тата година може да биде најдобриот период во животот. Можам да бидам среќен“ – ова е поуката која Јаковлев ја извлекол од инспиративните старци кои ги запознал на своите патувања во Америка, Европа и Кина.

Фотографиите ги доловуваат ентузијазмот и енергичноста на возрасните лица кои не дозволуваат староста да им попречи во тоа да го прават она што го сакаат.

Грета Понтарели, 63 години

Кога пред четири години на Грета Понтарели ѝ било соопштено дека страда од остеопороза, таа одлучила да започне да практикува танцување на шипка со цел да си ги зацврсти коските. „Многумина кои веќе наполниле 40 години сметаат дека е предоцна да започнат нешто ново. Тоа не е вистина. Јас започнав да танцувам на шипка на 59 години“ – изјавила пред две години Грета, покажувајќи ја позата „Знаме“.

Фотографии на Владимир Јаковлев Фотографии на Владимир Јаковлев

Ивон Доулен, 89 години

Кога на 80-годишна возраст Ивон Доулен преживеала сообраќајна несреќа, докторите ја советувале да се откаже од лизгањето на мраз. Но, благодарение на својата непослушност, Ивон и на 89 години учествува на натпревари и изјавува дека лизгањето ја прави среќна. „Ако некогаш сум нерасположена, ги погледнувам своите врсници со боци со кислород, ги ставам лизгалките и се смеам“ – изјавила таа.

Фотографии на Владимир Јаковлев Фотографии на Владимир Јаковлев

Монсерат Мечо, 80 години

Чувството на среќа е најважно за 80-годишната Монсерат Мечо и таа најсилно го чувствува кога скока од авион со падобран. Само во последните неколку години, таа скокнала повеќе илјади пати. Исто така, активната „старица“ има срушено неколку рекорди во пливање и се занимава со скијање, виндсурфинг и нуркање.

Фотографии на Владимир Јаковлев

Пол Феген, 80 години

Поранешниот мулти-милионер Пол Феген започнал да изведува трикови со карти откако банкротирал на 66 години и веќе 14 години настапува под името „Fantastic Fig“. Тој тврди дека не жали што го изгубил богатството, бидејќи ја пронашол среќата. Старецот, кој учествуваше во спотот на Бруно Марс за „Grenade“, вели: „Не бев лош бизнисмен, но сум многу подобар магионичар“.

Фотографии на Владимир Јаковлев

Јохана Квас, 88 години

Слободно може да се каже дека гимнастичарката Јохана Квас, која има 88 години, е во топ форма. Верувале или не, таа започнала да го практикува овој спорт на 56 години.

Фотографии на Владимир Јаковлев

Лојд Кан, 79 години

„Не правам специјални трикови. Не возам како тинејџерите. Се обидувам да не возам пребрзо за да можам да паднам на нозе откако ќе скокнам“ – вели 79-годишниот Лојд Кан, кој започна да практикува возење на скејтборд на 65 години.

Фотографии на Владимир Јаковлев

Нина Мелникова и Антонија Куликова, 79 години

Русинките Нина Мелникова и Антонија Куликова започнале да се занимаваат со аикидо на 70-годишна возраст, а денес на 79 години тренираат по три часа двапати неделно.

Фотографии на Владимир Јаковлев

Роберт Марчанд, 103 години

Пред три години, Роберт Марчанд го прослави својот 100-ти роденден на велосипедската патека, извозувајќи 23,2 километри за 60 минути. Три месеци подоцна, тој го сруши сопствениот рекорд, поминувајќи 24,25 километри, додека лани неговиот рекорд беше 27 километри.

Фотографии на Владимир Јаковлев

Дуан Ѓин Фу, 76 години

Флексибилноста на 76-годишниот Дуан Ѓин Фу е неверојатна со оглед на фактот дека започнал да тренира на 60 години. Тој може да изведе многу комплицирани потези кои дури и младите спортисти не можат да ги направат. Тој вели дека се чувства одлично и дека ги оставил зад себе болестите кои некогаш го измачувале.

Фотографии на Владимир Јаковлев Фотографии на Владимир Јаковлев

Џон Лоу, 94 години

94-годишниот Џон Лоу започнал да тренира балет кога наполнил 80 години, а сега танцува професионално.

Фотографии на Владимир Јаковлев

Пет Мурхед, 81 година

За 80-тиот роденден, Пет скокнал 80 пати по ред со падобран, без паузи. Незапирливиот старец постојано патува со својата сопруга и досега имаат посетено 180 земји низ светот.

Фотографии на Владимир Јаковлев

Џефри Лајф, 76 години

70-годишниот доктор Џефри Лајф започнал сериозно да се занимава со фитнес за да го преобрази своето тело во 50-тите години од својот живот.

Фотографии на Владимир Јаковлев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11235 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.