Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Неверојатна трансформација со слабеење по посета на Дизниленд

ФОТО: Неверојатна трансформација со слабеење по посета на Дизниленд

Млада мајка направи неверојатна трансформација по посета на Дизниленд. Џејд Тори имала 102 килограми, но сега тежи 57 килограми и изгледа сосема поразлично.

22-годишната Британка одлучила да го промени својот живот откако за време на посета на Дизниленд заглавила на тобоган, а потоа вработените ја мереле за да одлучат дали со нејзината тежина може да се вози на ролеркостер.

Џејд Џејд пред и по големото слабеење

„Тоа беше мојот прв одмор во странство и мислев дека ќе биде одморот на мојот живот, но завршив во солзи и чувствувајќи се како изрод. Додека чекав за да се качам на ролеркостер, ме замолија да се тргнам од редот. Ми рекоа дека можно е да сум премногу дебела за да се возам и дека е потребно да ме измерат. На крајот ме пуштија да се качам, но морав да се возам на специјално седиште за дебели лица. Сè се случи пред очите на сите, бев многу засрамена. Бев толку понижена што плачев за време на возењето, но се престорував дека солзите ми се од страв од возењето“ – изјавила Џејд.

Џејд, Лук и нивниот синЏејд со сопругот Лук и малиот син во Дизниленд

Но, тоа не бил единствениот срамен момент за Џејд. Таа заглавила на тобоган затоа што била претешка за нејзината гума да плови.

„Бев во заблуда за мојата тежина, но тоа ме освести. Си помислив: Ако во Америка ме сметаат за дебела, тогаш мора да сум“ – објаснила Џејд, која има двегодишен син со сопругот Лук.

По враќањето дома, Џејд решила да направи промени во својот живот. „Порано вечерав по трипати, еднаш дома, а потоа со Лук и неговите родители. Подоцна ќе излезевме за да купиме пилешко и помфрит“ – рекла таа.

Џејд

Џејд ги намалила оброците и брзата храна ја заменила со здрава, а внесените калории дневно ги намалила од 3.000 на 1.500. За една година, таа успеала да достигне тежина од само 57 килограми.

По трансформацијата, Џејд добила сосема нов изглед. „Некои од пријателите на Лук, кои ме немаа видено една година, не ме препознаваа“ – со гордост изјавила Џејд.

Ослабената ЏејдОслабената Џејд Џејд и ЛукЏејд среќна во прегратката на Лук

Една година по првата посета на Дизниленд, Џејд отишла со своето семејство во Дизниленд во Париз. „Беше убаво да се вратам со високо подигната глава и да се возам на сè што сакам“ – изјавила таа за новинарската агенција Barcroft Media.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.