Елица Луканова беше избрана за најубава матурантка во Бугарија за оваа година. Девојката се истакна со својот шарм и убавина и ги победи останатите 548 учеснички.
19-годишната девојка беше избрана од четиричлено жири, во кое беа минатогодишната победничка Мила Слепцова и актерите Ивајло Захариев, Дарија Симеонова и Калојан Минев.



Луканова заврши средно образование во училиштето „Академик Људмил Стојанов“ во Софија и планира да продолжи да студира банкарство.
Овој конкурс во Бугарија се одржува по 12-ти пат.




На истиот ден од матурата, Елица го прослави својот 19. роденден.


