National Geographic објави видео во кое е прикажано најтипичното лице на планетата.
Просечниот жител на Земјата е маж, има 28 години и е Хан Кинез. Десничар е, заработува помалку од 1000 долари месечно, има мобилен телефон, но нема банкарска сметка. Постојат дури 9 милиони луѓе што одговараат на овој опис.
Сликата на најтипичното лице е добиена со спојување на 190 000 фотографии од луѓе кои би можеле да се сметаат за „најтипични“.
Најтипичното лице на планетата според National Geographic
Сепак, Кинезите нема уште долго да се радуваат што најтипичниот човек е нивен сограѓанин. Во видеото се споменува дека само по 20 години, најтипичното лице на планетата ќе доаѓа од Индија.
Еве уште неколку интересни податоци:
- Во Јапонија типичната жена живее 86 години, а во Авганистан – 45.
- Во Холандија просечниот маж е висок 180cm, а во Перу – 164cm.
- Просечниот Американец дома троши 378 литри вода дневно, а во делови од Етиопија просечниот човек троши под 10 литри дневно.
И секако, не пропуштајте да го погледнете видеото:
