Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Најстариот татко на светот доби син на 96 години, жена му има 54

ФОТО: Најстариот татко на светот доби син на 96 години, жена му има 54

Индиец стана татко на 96 години и со тоа го скрши рекордот кој самиот тој го постави пред две години. Рамаџит Рагав стана најстариот татко на светот кога неговата 54-годишна жена Шакунтала му го роди вториот син. „Што можам да направам. Ова е божја желба. Тој сакал да имам уште еден син“ – изјавил Рамаџит.

Рамаџит, Шакунтала и двете деца Рамаџит, Шакунтала и двете деца

Среќниот татко признал дека е горд на своите синови, но открил и дека соседите му се љубоморни поради неговиот активен сексуален живот. „Го правам тоа три или четири пати во текот на една ноќ. Моите соседи ми се љубоморни и постојано ме прашуваат која е мојата тајна, но јас им велам дека тоа е божја волја. Јас сум здрав и уживам во сексот со жена ми. Сметам дека е многу важно еден сопруг и сопруга да имаат редовно секс и кога таа ќе побара, можам да продолжам цела ноќ. Но, засега поради детето ги потискам нашите потреби. Се грижам за мојата сопруга ѝ давам сè што ѝ е потребно. Таа е многу среќна жена“ – изјавил тој.

Рамаџит и Шакунтала се запознале пред 22 години, точно 25 години откако тој останал вдовец. „Таа немаше семејство или пријатели и сакав да ѝ помогнам. Ја зедов под моја закрила, ја научив малку јога и се заљубивме. Многу од моите поранешни девојки починаа и никогаш не се оженив, па ја побарав Шакунтала да ми биде сопруга“ – раскажал Рамаџит.

Неговата сакана тврди дека тој е одличен љубовник и дека не би го напуштила иако е стар. „Не е важно колку е стар, го сакам и се грижам за него многу, иако понекогаш ми вика. Мене не ми изгледа стар, тој може да води љубов како 25-годишен маж, дури и подобро зашто може да издржи цела ноќ. Исто така, тој е одличен татко“ – рекла таа.

Пред две години, кога го доби првиот син, Рамаџит изјави: „Ќе умрам само ако ме касне црна змија, а многу е мала веројатноста да се случи тоа. Посетете ме пак за 10 години и ќе ме најдете со ист изглед“.

Рамаџит и Шакунтала пред две години со првиот син

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.