Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Најславниот шешир од кралската свадба оди на аукција

ФОТО: Најславниот шешир од кралската свадба оди на аукција

Многумина го исмејуваа, но фамозниот шешир на принцезата Беатрис стана огромен хит, а сега и ќе се најде на аукција за собирање на средства за добротворни цели.

Принцезата Беатрис и принцезата ЈуџинПринцезата Беатрис

Креацијата на Филип Трејси ќе се најде на аукција на eBay, а собраните парични средства ќе бидат донирани во УНИЦЕФ и за децата во криза. Тоа го соопшти војвотката Сара Фергусон, мајката на принцезата Беатрис, за време на нејзиното гостување во шоуто на Опра.

Принцезата Беатрис Принцезата Беатрис и принцезата Јуџин

22-годишната принцеза го избра овој шешир за кралската свадба и го комбинираше со палто на Валентино, а поради невообичаената форма, тој веднаш стана сензација. Популарниот шешир има и своја Facebook страница со над 136 000 обожаватели, а беше и инспирација за создавање на многу комични фотографии.

Дизајнерот Филип Трејси изјави дека негова инспирација биле „убавината и елеганцијата“. Неговите креации се продаваат за околу 3 300 долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.