Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Најскапиот лак за нокти, кој чини 250.000 долари

ФОТО: Најскапиот лак за нокти, кој чини 250.000 долари

Модните куќи и врвните дизајнери постојано се во трка за креирање на што полуксузни производи, атрактивни само за најголемите богаташи.

Најновиот продукт на лудиот луксуз е најскапиот лак за нокти на светот. Дизајнерот на префинет накит Азатур го создаде лакот „Black Diamond“ кој чини 250.000 долари.

Најскапиот лак „Црн дијамант“Најскапиот лак „Црн дијамант“

Блескавиот лак содржи 267 карати вистински црни дијаманти, а со цел жената која го носи да се чувствува уникатно, произведено е само едно шишенце од овој лак.

Најскапиот лак

„Црниот дијамант е најпрефинетиот скапоцен камен. Неговата комбинација од убавина, мистерија и софистицираност го прави безвременски луксуз. Еден ден си помислив: Зошто да не го покажам овој стил на ноктите?“ – изјавил познатиот дизајнер.

Претходно рекордот го држеше златниот лак на „Models Own“, кој чини 130.000 долари. Капачето на овој луксузен лак е украсено со 1.100 дијаманти.

Златниот лак на „Models Own“Златниот лак на „Models Own“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11030 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.