Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Најгрдото куче на светот за 2011

ФОТО: Најгрдото куче на светот за 2011

Јода е прогласен за најгрдото куче на светот. Со своите ретки и кратки влакна по телото, исплазен јазик и крупни истакнати очи, Јода ги освои срцата на публиката и судиите на натпреварот одржан во Калифорнија. Покрај незвучната титула Најгрдо куче, Јода доби и 1000 долари и голем трофеј.

ЈодаЈода со својот трофеј Јода

Четиринаесет години старото куче е добиено со вкрстување на чивава и кинеско кукмасто куче.

Сегашната сопственичка на Јода го пронашла зад својата зграда и најпрво помислила дека е голем стаорец, но малку подоцна утврдила дека всушност се работи за напуштено куче.

Јода

Јода победи во конкуренција на околу 50 други кучиња, кои ги пленеа присутните со својот сладок и смешен изглед.

Херкулес, слепо 15-годишно куче со едно окоХеркулес, слепо 15-годишно куче со едно око ХекторХектор

Натпреварот, кој се одржува веќе 23 години, има за цел да ја подигне свеста за напуштените кучиња и да ги поттикне луѓето да вдомуваат кучиња од шинтерница.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11120 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.