Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Над 4.000 луѓе оформија елка во Скопје, се чека одговор дали е Гинисов рекорд

ФОТО: Над 4.000 луѓе оформија елка во Скопје, се чека одговор дали е Гинисов рекорд

Над 4.000 граѓани вчера се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје за да се обидат да срушат рекорд и да влезат во Гинисовата книга.

Облечени во зелени и црвени најлонски наметки тие оформија огромна елка. На овој интересен потфат присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов.

Се очекуваше да учествуваат околу 5.500 лица, но за жал таа бројка не се постигна.

Елка од луѓе Елка од луѓе Елка од луѓе

„Благодарност до сите граѓани, сите скопјани, што земаа учество во оваа предновогодишна манифестација. Направени се снимките, тие ќе бидат испратени и деновиве ќе очекуваме известување дали е соборен Гинисовиот рекорд. Ние очекувавме околу 5500 луѓе, не успеавме да ја доловиме таа бројка, но имаше околу 4000 луѓе што е блиску до рекордот од 4.030 учесници и треба да почекаме официјално да видиме дали е срушен рекордот. Верувам дека доколку ова биде рекорд, на сите што беа учесници ќе им претставува убав спомен во нивните животи“ – изјави Шилегов.

Елка од луѓе Елка од луѓе Елка од луѓе Елка од луѓе Елка од луѓе

Најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници.

За забавниот дел на настанот беа задолжени Бени Шаќири и Нон стоп.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.