Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Матурант од Бугарија ја избра мајка си за партнерка и стана хит

ФОТО: Матурант од Бугарија ја избра мајка си за партнерка и стана хит

Матурант од Велико Трново, Бугарија, ги изненади своите сограѓани и соученици откако се појави на матурската прослава заедно со мајка си.

Дуото мајка-син привлече многу погледи и комплименти и стана вистински хит во Бугарија.

19-годишниот Кристијан Иванов ја избра младоликата Анелија за партнерка на свеченоста, а многумина едвај можеа да поверуваат дека таа е негова мајка.

Кристијан со мајка си АнелијаКристијан со мајка си Анелија Анелија со двата синаАнелија со двата сина

Иако Анелија, која има и помал син, на почетокот се двоумела дали да ја прифати поканата, на крајот решила да му ја исполни желбата на својот син. „Се двоумев дали да прифатам, затоа што не знаев што ќе си помислат неговите врсници и сите останати луѓе. Идејата да го придружувам на црвениот тепих беше целосно негова и тој упорно настојуваше да го споделам тој важен момент со него, но не отстрана како другите родители, туку до него, за рака“ – изјавила таа.

Кристијан со мајка си Анелија Кристијан со мајка си Анелија Кристијан со мајка си Анелија

Пријателките на Анелија ја убедувале да ја прифати поканата, бидејќи во денешно време многу млади лица се срамат од родителите и дури не сакаат да се фотографираат со нив.

Кристијан со мајка си Анелија Кристијан со мајка си Анелија Кристијан со мајка си Анелија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.