Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Малиот и инспиративен Јане од Скопје се запозна со Дејвид Бекам и одржа говор во ОН

ФОТО: Малиот и инспиративен Јане од Скопје се запозна со Дејвид Бекам и одржа говор во ОН

Јане Велковски, инспиративното момче со спинална мускулна атрофија, отпатува во Њујорк и одржа свој говор во Обединетите Нации по повод Светскиот ден на детето.

Детенцето од Скопје е голем љубител на спортот, па и покрај тоа што е во инвалидска количка, тоа го користи секој момент за да игра фудбал. Затоа, Јане беше пресреќен кога токму во Њујорк го запозна легендарниот фудбалер Дејвид Бекам.

Јане и Дејвид се фотографираа заедно, а славниот спортист му подари и свој автограм.

Јане и Дејвид Бекам Јане и Дејвид Бекам Јане и Дејвид Бекам

За време на глобалниот самит во ОН, Јане зборуваше за бариерите кои го спречуваат да има нормален живот и да ги следи своите соништа. Тој истакна дека сите треба да даваат свој придонес во заштитата на правата на децата и да стават крај на дискриминацијата.

Добар ден, многу сум среќен што сум тука. Јас бев роден со спинална мускулна атрофија и поради тоа се движам со инвалидска количка, која јас ја нарекувам Формула 1. Но, моите родители ме научија дека можам да правам сè што прават и другите, само на поразличен начин.

Како што растев, стана мое правило да правам сè и да уживам во животот. Одам на училиште и имам многу другарчиња. Учам, излегувам, си играм, но мојата најголема страст е фудбалот. Го сакам фудбалот од мал и играм фудбал во секој момент кога можам. Тоа ми дава сила и енергија и ме усреќува. Фудбалот ми помогна да се борам да добијам терапија, ме поврза со многу славни личности и ме направи голем поборник за рамноправноста во спортот. Верувам дека секоја личност во светот може да игра фудбал, без разлика како игра. Важно е да се биде еднаков и почитуван. Сметам дека сум еднаков со сите, така се однесувам и така треба сите да се однесуваат. Но, не е лесно кога користиш инвалидска количка, бидејќи има многу пречки на патот.

Мојот хендикеп не ми смета, ми сметаат бариерите во моето опкружување. Ме нервира кога сум спречен да одам некаде, каде што нема рампа или транспорт за мене, и мора да ме носат моите родители. Кога бев помал моите родители ми помагаа и ги отстрануваа тие пречки за мене. Но, јас сакам да пораснам во независна личност. Децата како мене, сигурно се чувствуваат исто и сакам да им кажам да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат од нивните соништа. Треба да рушат бариери кога и да се појават пред нив и да прават добри работи. А, на возрасните сакам да им кажам дека мора да прават сè за правата на децата, да ги отстранат бариерите и да стават крај на дискриминацијата.

ВИДЕО:

(Говорот на Јане започнува по 2 часа и 33 минути од видеото)

„Кога играм фудбал, јас заборавам на сè... Јас во мојата електромоторна количка можам да го водам тимот, можам да бидам капитен. Цела фамилија моја го сака фудбалот. Нешто јас што не можам да правам, или брат ми или татко ми или мајка ми ми помага. Тие ми даваат поддршка да го добијам лекот и да бидам фудбалер како Роналдо“ - вели Јане.

Јане и Дејвид Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11092 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.